Градиште (Будинарци)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — градиште од римско време. На еден километар западно од селото се наоѓа висок рид, од три страни опкружен со коритото на Брегалница, на чие зарамнето плато се гледаат остатоци од добро утврдена населба, со бедем кој опкружувал простор од 400 × 50 метри. Градиштето е поделено на три целости со напречни бедеми со што била обезбедена максимална заштита. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањата на жителите, биле најдени и повеќе монети.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градиште“ | |
Местоположба | 41°42′41″N 22°51′46″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Будинарци |
Општина | Берово |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори