From Wikipedia, the free encyclopedia
Гонсало Бернардо Инасио (роден на 25 август 2001 година, во Алмада) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон и на португалската репрезентација.
Гонсало Инасио | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 август 2001 | ||
Роден во | Алмада, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Спортинг Лисабон | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
Алмада | |||
Спортинг Лисабон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2020- | Спортинг Лисабон | 113 | (7) |
Репрезентација | |||
2017 | Португалија 17 | 1 | (0) |
2019 | Португалија 18 | 8 | (0) |
2019 | Португалија 19 | 3 | (0) |
2019 | Португалија 20 | 1 | (0) |
2021-2022 | Португалија 21 | 6 | (1) |
2023- | Португалија | 11 | (2) |
Инасио е роден во Алмада, Сетубал, а израснал во Сеишал, општина која се наоѓа на 34,2 км подалеку. Растејќи, тој постојано играл фудбал каде и да можел на улица или дома, и редовно присуствувал на натпреварите на Спортинг Лисабон со својот татко.[1] И покрај тоа што немал посебен идол, Инасио го ценел стилот на игра на Жереми Матје.[1]
Инасио ја започнал својата кариера во локалниот клуб Алмада, пред да се пресели во академијата на Спортинг Лисабон. Пред ова, тој имал проби во градскиот ривал Бенфика, но на крајот одлучил да не им се придружи кога автомобилот на неговиот татко се расипал во два наврати кога го носеле на тренинг.[2] На 13 јануари 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со Спортинг на 16-годишна возраст.[3]
Својот прв повик во првиот тим го добил на 6 јули 2020 година, останувајќи неискористена замена во ремито без голови против Мореиренсе во Примеира лига;[4] тој првично се мачел да биде интегриран, поради тоа што бил резервиран по природа, но успеал да се наметне со помош на тренерот Рубен Аморим и неговите соиграчи Нуно Мендеш, Едуардо Кварежма и Тијаго Томас, со кои се дружел за време на неговиот период во младинската екипа.[1] Своето деби го имал во победата од 2–0 на гости против Портимоненсе на 4 октомври, влегувајќи како замена за Зухаир Федал во 62-рата минута.[5]
На 20 март 2021 година, Инасио го постигнал својот прв гол, со удар со глава од непосредна близина во победата со 1–0 на домашен терен над Виторија Гимараеш.[6] На 23 јануари, тој асистирал за Педро Поро во победата со 1–0 над Брага, помагајќи му на својот клуб да го освои Лига купот на Португалија; неговата изведба на натпреварот го импресионирала Аморим, па тој го надминал соиграчот Луис Нето во хиерархијата.[7] Инасио забележал 20 настапи за Спортинг во првенството, кое лавовите го завршиле на првото место, освојувајќи ја шампионската титула со што ставиле крај на 19-годишната суша.[8]
На 29 јануари 2022, неговиот погодок со глава на почетокот од второто полувреме му помогнал на неговиот тим да направи пресврт и да ја порази Бенфика со 2–1 во финалето на Лига купот, со што Спортинг ја одбраниле титулата во натпреварувањето.[9] На 1 април, тој потпишал продолжување на договорот со клубот до 2026 година.[10]
На 12 ноември 2023 година, во Дербито на Лисабон против Бенфика на Луж, Инасио бил исклучен откако добил втор жолт картон на почеток на второто полувреме; тоа резултирало со првиот пораз на Спортинг во сезоната со 2-1, со голови во последните минути од натпреварот.[11] На 14 декември, во последниот натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа, на домашен терен со Штурм Грац, тој влегол од клупата на полувремето и постигнал два гола за десет минути за да ја запечати победата од 3–0.[12] Во сезоната 2023-2024, ја освоил својата втора шампионска титула во Португалија со Спортинг, 20-та за клубот, за која придонел со 32 одиграни натпревари и еден постигнат гол.
Инасио ја претставувал Португалија во младинските селекции под 17, под 18, под 19, под 20 и под 21 година, играјќи за сите нив вкупно 19 натпревари.[13]
Тој бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Фернандо Сантош на 26 август 2021 година, за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 против Азербејџан и Ирска и пријателскиот натпревар против Катар.[14] Четири дена подоцна, сепак, тој морал да се повлече од собирот со тимот откако заработил повреда на левата бутина.[15]
На 12 ноември 2021 година, Инасио го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, играјќи го целиот натпревар во победата со 1–0 над Кипар во квалификациите за Европското првенство 2023.[16] Својот прв гол за селекцијата го постигнал во обратниот натпревар четири дена подоцна, во кој Португалија го победила Кипар со 6-0 во Фаро.[17]
Во октомври 2022 година, Инасио се нашол во прелиминарниот список од 55 играчи за Светското првенство 2022 во Катар, иако дотогаш сеуште не го направил своето деби за сениорската репрезентација на Португалија.[18] Тоа сепак се случило неколку месеци подоцна, на 23 март 2023, кога тој го одиграл целиот натпревар во победата со 4-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство 2024, што воедно било и првиот натпревар на клупата на новиот селектор Роберто Мартинес.[19] На 11 септември, во друг квалификациски натпревар за истото натпреварување, тој ги постигнал својот прв и втор гол за Португалија во победата со 9–0 на домашен терен над Луксембург.[20]
Инасио бил избран во составот на Португалија за Европското првенство 2024 во Германија,[21] што бил неговиот прв меѓународен турнир на кој настапил за неговата земја. Во првиот натпревар на турнирот против Чешка, тој се појавил во игра од клупата во 63-тата минута, заменувајќи го Диого Дало во победата со 2-1.[22] Тој настапил уште во поразот со 2-0 од Грузија во последниот натпревар од групата[23] но не и во поразот по изведување на пенали од Франција во четвртфиналето.[24]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
23-3-2023 | Лисабон | Португалија | 4 – 0 | Лихтенштајн | Квал. за Евро 2024 | - | ||
20-6-2023 | Рејкјавик | Исланд | 0 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2024 | - | 67' | |
11-9-2023 | Фаро | Португалија | 9 – 0 | Луксембург | Квал. за Евро 2024 | 2 | ||
16-10-2023 | Зеница | Босна и Херцеговина | 0 – 5 | Португалија | Квал. за Евро 2024 | - | ||
19-11-2023 | Лисабон | Португалија | 2 – 0 | Исланд | Квал. за Евро 2024 | - | ||
26-3-2024 | Љубљана | Словенија | 2 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
4-6-2024 | Лисабон | Португалија | 4 – 2 | Финска | Пријателска | - | 46' | |
8-6-2024 | Оеираш | Португалија | 1 – 2 | Хрватска | Пријателска | - | ||
11-6-2024 | Авеиро | Португалија | 3 – 0 | Ирска | Пријателска | - | ||
18-6-2024 | Лајпциг | Португалија | 2 – 1 | Чешка | Евро 2024 - Прва фаза | - | 63' | детали |
26-6-2024 | Гелзенкирхен | Грузија | 2 – 0 | Португалија | Евро 2024 - Прва фаза | - | детали | |
Вкупно | Настапи | 11 | Голови | 2 |
Статистиката е ажурирана на 20 февруари 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2020-2021 | Спортинг Лисабон | ПЛ | 20 | 1 | КП+ЛКП | 2+3 | 1+0 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | 25 | 2 | |
2021-2022 | ПЛ | 28 | 4 | КП+ЛКП | 5+4 | 0+1 | ЛШ | 7 | 0 | СП | 1 | 0 | 45 | 5 | |
2022-2023 | ПЛ | 33 | 1 | КП+ЛКП | 1+6 | 0+2 | ЛШ+ЛЕ | 6+6 | 0+1 | - | - | 52 | 4 | ||
2023-2024 | ПЛ | 20 | 1 | КП+ЛКП | 3+3 | 0 | ЛЕ | 7 | 3 | - | - | 33 | 4 | ||
Вкупно во кариерата | 101 | 7 | 27 | 4 | 26 | 4 | 1 | 0 | 155 | 15 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.