From Wikipedia, the free encyclopedia
Големите Езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата.[1][2][3] Системот Големи Езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот.[4] Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња. [5]
Големите Езера се:
Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.
Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите Езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од „Големите Езера“. Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив.
Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.
Има околу 35.000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата,[6] вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата,[7] и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.