Голема Страна (Долни Дисан)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Голема Страна — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2,5 км јужно и југоисточно од селото помеѓу Влашки и Прждевски Дол, во должина од речиси 1 км се простираат низи од издолжени ритчиња. На благите падини се среќаваат помали групи од градежен камен, како и фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси. На неколку места постојат индиции за присуство на темели од профани објекти.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Голема Страна“ | |
| |
Местоположба | 41°25′40″N 22°5′44″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Дисан |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори