![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/90/OmnogoviLandscape.jpg/640px-OmnogoviLandscape.jpg&w=640&q=50)
Гоби (пустина)
пустина во Кина и Монголија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гоби (монголски: Говь, кинески: 戈壁(沙漠) Gēbì (Shāmò)) е најголема пустина во Азија. Пустината зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Овој пустински предел е во вид на котлина опколена со Алтајските Планини, степите во јужна Монголија и Тибетската Висорамнина на југ. Пустината Гоби е составена од неколку различни еколошки и географски региони кои зависат од климата и топографијата на пределите. Според големината, пустината Гоби е петта најголема пустина во светот. Оваа пустина е позната по важната улога која ја имала при растењето на Монголското Царство и постоењето на некои поважни градови на Патот на свилата. Бидејќи јужно од пустината се наоѓаат Хималаите, влажноста и дождовите не можат да продрат до пустината.[1]
Кратки факти Земји, Монголски покраини ...
Пустина Гоби Говь | |
пустина | |
Пејзаж од пустината Гоби во Омногови, Монголија. | |
Земји | Монголија, Кина |
---|---|
Монголски покраини | Бајанхонгор, Дорногови, Дундгови, Гови-Алтај, Говисумбер, Омногови, Сухбатор |
Регион | Внатрешна Монголија |
Опсег | Гови-Алтај |
Знаменитост | Басен Немегт |
Должина | 1.500 км, SE/NW |
Ширина | 800 км, N/S |
Површина | 1.295.000 км2 |
Затвори