From Wikipedia, the free encyclopedia
Гликемија е концетрација на гликоза во крвта. Нејзините нормални вредности во човекот се од 80 до 120 mg% (или во новиот SI од 4.44 до 6.66 mmol/l). Кај здрави луѓе речиси и не излегуваат од тие граници, освен за кратко време по долго гладување, физичко напренување или по обилна исхрана со слатки производи. Во одржувањето на гликемијата учествуваат повеќе фактори, од кои најважни се: црн дроб, бубрези, хормони и нервен систем.[2]
Црниот дроб во кој се чуваат резерви на гликоген, непосредно ја регулира гликемијата. Така, по ресорпцијата и зголеменото ниво на гликоза во крвта таа оди во црниот дроб каде се синтетизира гликоген. Обратно, при зголемено трошење гликоген и гликоза во клетките гликогенот од црн дроб се мобилизира и се добива гликоза која поминува низ крвта. Резервите во црниот дроб не се исцрпуваат ни по долго гладување.
Бубрезите учествуваат во регулирањето на гликемијата преку можноста за целосна реапсорпција на гликозата од бубрежните тубули. При зголемување на содржината над 150–170 mg%(15-18 mmol/l) еден дел од гликозата не се реапсорбира и се излачува со мочта, појава наречена гликозурија.
Хипергликемија е појава на зголемено ниво на гликемијата. Таа може да е предизвикана од зголемено внесување растворливи јаглехидрати со исхраната, под дејство на нервни фактори, на пример, надразнет симпатикус. И хормоните имаат свое влијание врз појава на хипергликемијата, а со најизразено такво дејство се адреналинот и гликагонот, кои го мобилизираат гликогенот од црн дроб, потоа соматотропниот хормон и гликокортикостероиди кои спречуваат гликозата да влезе во клетките.
Хипогликемијата е намалено ниво на гликемија, се јавува поретко од хипергликемијата, главно при намалено ниво на инсулин во крвта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.