Гласилна избувна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гласилна избувна согласка (глотален плозив) — вид на согласка што се јавува во многу јазици и се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Во македонскиот овој глас е претставен со цртичка во извиците „ех-ех“ (недоверба), „мх-мх“ (кога нешто е вкусно) и сл.
Кратки факти Гласилна избувна согласка, ʔ ...
Гласилна избувна согласка | |||
---|---|---|---|
ʔ | |||
| |||
МФА-бр. | 113 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | ʔ | ||
Уникод (хекс.) | U+0294 | ||
X-SAMPA | ? | ||
Киршенбаум | ? | ||
Затвори
Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со ⟨ʔ⟩. Гласот се создава со затворање на гласилката (глотис) во грлото.