From Wikipedia, the free encyclopedia
Глава на пенис или гланс — чувствителна главеста структура на крајниот дел од пенисот. Анатомски, главата е хомологна на главата на дразницаот кај жената. Обично, главата е покриена, целосно ило делумно, со кожа, освен кај мажите кои се обрежани. Кожата од главата на пенисот може да се повлече и врати наназад. Поимот гланс потекнува од латинскиот збор glans (желад).
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Глава на пенис | |
---|---|
Дорзален поглед кон главата. | |
Вентрален поглед кон главата | |
Податоци | |
Артерија | уретрална артерија |
Назнаки | |
Латински | Glans penis |
TA | A09.4.01.007 |
FMA | FMA:18247 |
Машка анатомија | |
---|---|
Назнаки | |
TA | A09.4.01.007 |
FMA | FMA:18247 |
Главата на пенисот е изразена главеста формација на спонгиозниот сноп (corpus spongiosum) на округлиот крај на кавернозниот сноп (corpora cavernosa penis). На врвот на главата се наоѓа долгнавестиот, вертикално поставен, надворешен отвор на мочниот канал. Работ на основата на главата формира округла граница, круна на пенис, која потоа продолжува во жлеб и се дели главата од вратот (телото) на пенисот. Пропорционалната големина на главата на пенисот може да варира. Кај некои главата е значително поголема во обем одошто по оска, па така главата наликува на печурка. Кај други пак, таа е потесна.
Кожичката на пенисот ја одржива препуциската слузница (внатрешниот дел на кожичката на пенисот) влажна.[1] Кај мажите кои биле обрежани, главата е постојано изложена и сува. Сабо и Шорт дошле до сознание дека главата на обрежаниот пенис не развива дебел кератинизациски слој.[2] Неколку испитувања дошле до сознание дека подеднакво се осетливи и обрежаниот и необрежаниот пенис,[3][4][5][6] но други тврдат дека поосетливи се тие кои не се обрежани.[7][8]
Халата и Спете (1997) изјавиле дека „главата на пенисот содржи доминантно слободни нервни завршетоци, бројни генитални кројзерови зрнца и поретко пачинови и руфиниеви зрнца. Нема присуство на меркелови нервни завршетоци и мејнерови зрнца“.[9]
Надворешниот отвор на мочниот канал се наоѓа на врвот на главата на пенисот. Главата на пенисот е заштитена од кожа, која кај обрежани мажи не е присутна. Така, кожата не ја заштитува препуциската слузница (внатрешниот дел од кожичката на пенисот) и кај обрежаните деца кои носат пелени има поголема опасност од загнојување или стеноза.[10]
Епителното ткиво на главата на пенисот е слузничаво ткиво.[9] Бирли тврди дека претеранот миење со сапун може да ја суши слузницата и може да настане дерматитис.[11]
Воспалението на главата на пенисот е познато како баланитис. Ова се појавува кај 3 до 11% од мажите и кај 35% од дијабетичарите-мажи. Едвардс тврди дека општо гледано тоа е позачестено кај мажи кои одржуваат слаба хигиена или тие кои не биле обрежани.[12] Тоа е како последица од различни причини, меѓу кои иритација или инфекција од различни патогени. Внимателна идентификација на причината, како и биопсија, брисови, испитувања и историјата на болестите на пациентот, се неопходни за соодветен третман.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.