Гејша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гејши (芸者), геико или гејџи (芸妓) се традиционални женски јапонски забавувачки, чии вештини вклучуваат изведба на различни јапонски уметности, како што се музика, танцување и поезија. Некои веруваат дека гејшите се проститутки, но тоа сепак е погрешно.[1] Терминот „гејша“ е составен од 2 јапонски збора 芸code: ja is deprecated (геи) што значи уметност и 者 (ша) што значи „личност што прави“ или „се занимава со...“. Најбуквален превод на зборот гејша е уметник. Гејшите се многу почитувани и тешко е да се стане гејша.
Модерните гејши сѐ уште живеат во традиционалните куќи за гејши наречени „окија“ (置屋) во квартови наречени ханамачи (花街code: ja is deprecated „цветни градови“). Сепак, постарите гејши кои се успешни поседуваат своја куќа. Според зборовите на славната гејша Минеко Ивасаки „гејшата е како цвет, убава на свој начин, и како врба,грациозна, флексибилна и силна.“[2]
Во Јапонија гејшата се смета за културна икона.