Германска култура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Германската култура започнала долго пред Германија да стане национална држава и го опфатила целокупното германско говорно подрачје. Од самиот почеток, културата во Германија била формирана од големите интелектуални и популарни движења во Европа, верската и секуларната.
Во минатото Германија ја нарекувале Das Land der Dichter und Denker (Земјата на поети и мислители).[1]
Сојузните држави се одговорни за културните институции. Во Германија има 240 субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и над 25.000 библиотеки. Овие културни манифестации се често посетувани: Во германските музеи има над 91 милион посетители годишно, 20 милиони во театар и опера, 3.6 милиони годишно слушаат симфониски оркестри.[2]
УНЕСКО има запишано 33 германски објекти како светско природно и културно наследство.[3]