Геолошки топографски институт на САД
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геолошкиот топографски институт на САД (англиски: United States Geological Survey, крат. USGS)[3] — научна служба на владата на САД. Се заминава со проучување на топографијата на САД, нивните природни ресурси и осознавање на природните опасности што им се закануваат. Дејноста на институтот е распоредена на четири поважни полиња: биологијата, географијата, геологијата и хидрологијата. Геолошкиот топографски институт е организација задолжена за осознавање на факти и нема надлежност врз прописи и регулативи.
Геолошки топографски институт на САД | |
---|---|
United States Geological Survey | |
Амблем | |
Службено обележје | |
Податоци за органот | |
Основан | 3 март 1879 |
Седиште | Рестон, Вирџинија |
Вработени | 8.670 лица (2009) |
Годишен буџет | 1,1 милијарди долари[1] |
Раководител | Марша Мекнат[2] (директор) |
Матичен орган | Министерство за внатрешни работи |
Мрежно место | |
usgs.gov |
Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД (со сосем поинаква надлежност од македонскиот истоименик), ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица,[4] а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија).
Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).[5]