Генетска историја на Британските Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Генетската историја на Британските Острови е предмет на истражување во поширокото поле на генетиката на човечката популација. Се развила паралелно со технологиите за тестирање на ДНК способни да ги идентификуваат генетските сличности и разлики помеѓу современата и античката популација. Заклучоците од популациската генетика во однос на Британските Острови, пак, се потпираат и придонесуваат за поширокото поле на разбирање на историјата на човечката окупација на областа, дополнувајќи ја работата во лингвистиката, археологијата, историјата и генеалогијата.
Истражувањето во врска со најважните патишта на миграција на Британските Острови е предмет на дебата. Освен најочигледната рута преку најтесната точка на Ла Манш во Кент, другите правци можеби биле важни во текот на милениумите, вклучувајќи копнен мост во периодот на мезолитот, како и поморски врски по должината на бреговите на Атлантикот.
Најчесто се оспоруваат периодите на најважните миграции. Неолитското воведување на земјоделски технологии од континентална Европа често се предлага како период на големи промени на Британските Острови. Таквата технологија или би можеле да ја научат локалното население од мал број имигранти или би можела да биде воведена од колонисти кои значително го промениле населението.
Други потенцијално важни историски периоди на миграција кои биле предмет на разгледување на ова поле вклучуваат воведување на келтски јазици и технологии (во бронзеното и железното време), римскиот период, периодот на англо-саксонскиот прилив, периодот на Викинзите, Норманска инвазија од 1066 година и периодот на европските верски војни.