Гвавијаре (река)
река во Колумбија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвавијаре (шпански: Río Guaviare) — река во Колумбија, притока на Ориноко.
Кратки факти Гвавијаре, Местоположба ...
Затвори
Произлегува од реките Ариари и Гвајаберо, кои пак извираат во источниот дел на Андите. Долга е 1.497 км, и со тоа е најдолгата река во системот на Ориноко. Пловна е во должина од 630 км. Сливот зафаќа површина од 166.000 км2.[1] Реката Гвавијаре се смета за граница помеѓу областа Љанос и Амазонската прашума.
Главна притока на Гвавијаре е реката Инирида.