![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/86/Tenniel-TheRaven.jpg/640px-Tenniel-TheRaven.jpg&w=640&q=50)
Гарванот (поема)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гарванот (англиски: The Raven) — наративна поема на американскиот писател Едгар Алан По, објавена во јануари 1845 година. Забележителна е по својата музикалност, стилизиран јазик и натприродна атмосфера. Раскажува за мистериозната посета на гарван (гавран) кој може да зборува кај еден расеан љубовник и го следи неговото бавно пропаѓање во лудило. Љубовникот, често препознаен како студент,[1][2] ја жали загубата на неговата љубов Ленора. Гарванот, седнат на бистата на Атина Палада, ја истражува и продолжува неговата мака со постојаното повторување на зборот „невермор“ (nevermore - никогаш повеќе). Низ поемата, По врши алузии на фолклорот и на различни класични дела.
- За птицата видете Гавран.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/86/Tenniel-TheRaven.jpg/320px-Tenniel-TheRaven.jpg)
По тврдел дека ја напишал поемата многу логично и методично. Неговата намера била да напише поема која ќе им биде допадлива и на критичките и на модерните вкусови, како што објаснува во неговиот следен есеј „Филозофијата на композицијата“. Поемата била делумно инспирирана од гарванот кој се појавува во романот на Чарлс Дикенс, Барнаби Руџ: Приказна за немирите од осумдесеттите.[3] По го позајмува комплексниот ритам и метрика од поемата на Елизабет Берет, „Додворувањето на лејди Џералдин“.
Првото издание на „Гарванот“ на 29 јануари 1845 во весникот New York Evening Mirror го направило По широко популарен во неговото животно доба. Поемата била наскоро повторно печатена, пародирана и илустрирана. Иако некои критичари не се согласуваат за вредноста на поемата, таа останува како една од најпознатите поеми што се некогаш напишани.[4]