From Wikipedia, the free encyclopedia
Галите (француски: Gaulois) биле древен келтски народ, кој ја населувал Галија и блиските региони од железната доба до времето на Римското Царство. Мнозинството Гали го зборувале континенталниот келтски галски јазик. Во однос на религијата, Галите практиквуале форма на анимизам. На врвот на социјалната структура во Галија се наоѓале „друиди“. Тие биле дел од престижната класа кај Галите, а според непотврдени историски артефакти биле свештеници кои го практикувале окултизмот. За потомци на Галите се сметаат народите во Франција, Белгија и Швајцарија.
Галите си имале своја култура наречена галска култура, која се оформила од келтската култура. Тие живееле во префинети друштва и најчесто се занимавале со земјоделство, сточарство, занаетчиство и трговија. Исто така правеле свое вино со кое тргувале. Галите биле вешти уметници, изработувале бронзени скулптури на мали божества и птици. Ковале свои монети на кои најчесто биле прикажани апстрактни лица на луѓе и животни. Според откритиjата пишувале на дрвени плочи и восочни табли. Галите како во Европа живееле и во Британија.
На врвот на социјалната структура кај Галите стоеле друидите и поглаварот. Секое галско племе имало свој поглавар. Поглаварот бил водач на селото и командант на војската.
Татковината на Галите била Галија која во енциклопедија Британика е опишана како:
... древно кралство во Европа, сместена јужно и западно од Рајна, западно од Алпите и северно од Пиринеите. Галите северно до реката По го уништувале древен Рим од околу 400 г.п.н.е.; до 181 г.п.н.е. Рим ја совладал и колонизирал областа од северна Италија, наречена Кисалпин Гал. Рим во следниот век го совладал и Трансалпин Гал, кој опфаќал голем дел од денешна Франција, Белгија, делови од Швајцарија, Германија и Холандија. Јулиј Цезар го завршил освојувањето на Галите во 58-50 година п.н.е. Лион (Lugdunum) станал главен град. Целата блоаст била реорганизирана во I век од нашата ера во неколку покраини. До 260 година тој останал центар на немири. До VI век Рим се откажал од галските територии.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.