From Wikipedia, the free encyclopedia
Вјоса Османи-Садриу (родена на 17 мај 1982 година) е косовски албански правник и политичар, како и петтиот и актуелен претседател на Косово од 4 април 2021 година.[2][3]
Вјоса Османи | |
---|---|
Официјален портрет, 2021 | |
5-ти Претседател на Косово | |
На должноста | |
Стапил 4 април 2021 | |
Премиер | Албин Курти |
Претходник | Глаук Коњуфца (привремен) |
На должноста 5 ноември 2020 – 22 март 2021 | |
Премиер | Авдулах Хоти |
Претходник | Хашим Тачи |
Наследник | Глаук Коњуфца (привремен) |
6-ти Претседавач на Собранието на Косово | |
На должноста 3 февруари 2020 – 22 март 2021 | |
Претседател | Хашим Тачи |
Претходник | Глаук Коњуфца |
Наследник | Глаук Коњуфца |
Лични податоци | |
Роден(а) | Вјоса Османи 17 мај 1982[1] Титова Митровица, Југославија (денешна Косовска Митровица, Косово) |
Родена во Косово и израсната во градот Митровица, Османи станала политички активист и студирала право на Приштинскиот универзитет и на Правниот факултет на Питсбуршкиот универзитетот. Таа работела како советник на тогашниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу пред да биде избрана во Собранието. Османи ја вршела функцијата претседател на Собранието од февруари 2020 година до март 2021 година, а била и вршител на должноста претседател во периодот од ноември 2020 до март 2021 година по оставката на претседателот Хашим Тачи. По изборот за претседател на Косово, Османи станала втората жена на оваа позиција, како и првата личност што била и в.д. претседател и претседател на Косово.
Османи успешно се кандидирала на антикорупциска платформа и изразила желба за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Откако стапила на функцијата, Османи го вратила знамето на Дарданија како официјален симбол на претседателството.
Вјоса Османи била родена на 17 мај 1982 во Митровица, тогаш дел од Југославија, а нејзините родители биле етнички Албанци.[1][4] Таа пораснала со четири браќа и сестри, а основното и средното образование го завршила во родниот град.[4][1] Османи била тинејџерка за време на војната во Косово, и еднаш изјавила дека „сè уште може да ја почувствува“ цевката од пушка АК-47 што војник ѝ ја внел во уста кога нејзиниот дом во Митровица бил нападнат.[4]
Османи дипломирала право на Приштинскиот универзитет во Косово.[5][6] Продолжила со постдипломски студии на Правниот факултет на Питсубршкиот универзитетот, магистрирајќи по правни науки во 2005 година и докторирајќи по правни науки во 2015 година.[7][8] Нејзината докторска дисертација се осврнала на применливоста на Конвенцијата на ОН за договори за меѓународна продажба на стоки (CISG) во Косово бидејќи правниот статус на Косово еволуирал од 1988 година, кога CISG првпат стапил на сила.[8]
Османи била асистент на Приштинскиот универзитет,[6][9] предавач на РИТ Косово,[6][1] и визитинг професор на Питсбуршкиот универзитет.[6][7]
Политичката кариера Османи ја започнала за време на тинејџерските години, како активистка на централно-десничарската Демократска лига на Косово (ЛДК). На 27 август 2009 година, таа била избрана за шеф на кабинетот на тогашниот претседател Фатмир Сејдиу.[1] Османи служела и како правен советник и советник за надворешна политика на претседателот.[7] Таа била пратеник во Собранието на Косово три мандати, а еднаш го добила најголемиот број гласови за жена политичар во косовската парламентарна историја.[7][1]
Османи придонела за независноста на Косово, како претставник на претседателот во Уставната комисија, телото кое го подготвило косовскиот устав. Таа го застапувала Косово во случај пред Меѓународниот суд на правдата, каде што ја бранела законитоста на независноста на Косово.[10]
Во рамките на пратеничките должности, Османи била претседател на Комисијата за надворешни работи, дијаспора и стратешки инвестиции и на Комисијата за евроинтеграции. Таа била и потпретседател на Комитетот за уставни реформи на Косово.[7]
Во 2014 година, Османи се нашла во конфликт со раководството на ЛДК, вклучувајќи го и партискиот лидер Иса Мустафа, кога таа ја критикувала ЛДК поради формирањето на коалициска влада со долгогодишната ривалска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), прекршувајќи го претходно даденото ветување.[11][12] Османи ги бојкотирала и претседателските избори во 2016 година, на кои лидерот на ПДК Хашим Тачи бил избран за претседател како дел од коалицискиот договор.[11][13]
Османи била сметана за можен премиер на Косово од ЛДК на предвремените парламентарни избори во 2019 година.[10][14] Додека водела кампања за изборите, таа рекла дека косовскиот народ е подготвен за жена премиер и дека таа може да се бори против корупцијата и да направи реформи во областа на слободниот пазар за Косово.[15][16] Таа освоила 176.016 гласови и загубила на изборите од Албин Курти, водачот на левичарската антиестаблишмент партија Ветевендосје.[17]
На 20 јуни 2020, Османи била сменета од функцијата заменик-претседател на нејзината партија, откако лидерот на ЛДК Иса Мустафа повикал на нејзино разрешување поради нејзиното јавно противење на одлуките донесени од партијата.[12][18] Премиерот Авдулах Хоти ја заменил како заменик-претседател на ЛДК.[12] Османи подоцна целосно ја напуштила ЛДК на 7 септември 2020, наведувајќи дека партијата не ѝ оставила избор, но додавајќи дека ќе се врати доколку партијата се реформира.[19][20]
Во 2020 година, Османи била назначена за вршител на должноста претседател на Косово, откако претседателот Тачи поднесел оставка по обвинението од страна на Специјализираните совети на Косово и Специјалното обвинителство во Хаг.[21]
Како подготовка за косовските парламентарни избори во 2021 година, Османи објавила дека ќе основа сопствената политичка партија, наречена Гуксо, на 2 јануари 2021.[22] Таа, исто така, се здружила со партијата Ветевендосје на Курти. Основајќи ја нивната кампања на антикорупциска платформа, двете партии имале значителни победи, а Османи лично добила повеќе од 300.000 гласови.[21] Изборите, исто така, им дадоа на жените една третина од 120-члениот парламент и шест позиции од петнаесет во кабинетот.[21]
Во спротивност, ЛДК, поранешната партија на Османи, поминала многу лошо на изборите, како што предвидувале членовите на ЛДК кои јавно го критикувале претходното соборување на Османи во 2020 година.[23][12][24] ЛДК ги изгубила приближно половина од своите места во парламентот, а лидерот на партијата Мустафа поднел оставка на 14 март 2021 година.[25][26][27][28]
На 4 април 2021, собранието ја избрало Османи за претседател на Косово за време на третиот круг на гласање.[29] Иако гласањето било без присуство на две опозициски партии, како и партија што го претставува етничкото српско малцинство во Косово, 82 пратеници од 120-члениот парламент го дадоа својот глас во текот на вториот ден од вонредната седница.[30][21] Таа освоила 71 од гласовите, додека 11 гласа биле прогласени за неважечки, а потоа положила заклетва за петгодишен мандат подоцна истиот ден, станувајќи втората претседателка на Косово.[30][5] Османи рекла дека се надева дека ќе ги нормализира односите меѓу Косово и Србија, а истовремено го повикала Белград да се извини за војната што довела до прогласување независност на Косово и да ги гони оние кои извршиле воени злосторства.[29][30]
Османи пред да ја положи заклетвата поднела оставка од раководната позиција на Гуксо.[31][32] Новоименуваниот министер за надворешни работи Доника Гервала ја заменила на чело на Гуксо.[33]
Бројот на посети по земји во кои што патувала претседателката Османи се:
За време на магистерските студии на Универзитетот во Питсбург, Универзитетот двапати ѝ ја доделил на Османи наградата „Екселенција за иднината“.[1] Во 2017 година, Центарот за меѓународни студии на Универзитетот во Питсбург ѝ ја доделил наградата за достигнување на меѓународни млади алумни Шет за нејзиниот придонес во демократијата и човековите права.[7][10]
На 28 февруари 2022 година, Османи била наградена со Honoris Causa од Анкарскиот универзитетот.[34]
Османи во 2012 година се омажила за Приндон Садриу, работник во Министерството за надворешни работи. Тие имаат ќерки близначки.[21] Османи зборува албански, англиски, српско-хрватски, шпански и турски јазик.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.