Вуди Ален
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хејвуд "Вуди" Ален (роден како Ален Стјуарт Кенигсберг,[1] на 30 ноември 1935 ) е американски глумец, писател, режисер, комичар и драматург, чија кариера трае повеќе од 50 години. Тој работел како пишувач на комедии во 1950-те, пишувајќи смешки и сценарија а исто така објавил и неколку кратки хумористични книги. Во раните 1960-ти, Ален започнал да настапува како стенд-ап комичар, нагласувајќи монолози наместо традиционални шеги. Во 2004, Comedy Central[2] го рангирал Ален на четвртото место на списокот на најдобрите 100 комичари, додека пак една анкета во Обединетото Кралство го рангирала Ален како трет најдобар комичар.[3]
Вуди Ален | |
---|---|
Ален на фестивалот во Кан во 2015 | |
Роден(а) | Ален Стјуарт Кенигсберг[1] 30 ноември 1935(1935-11-30) (88 г.) Бронкс, Њујорк, САД |
Други имиња | Хејвуд Ален |
Занимање |
|
Активен период | 1950–сè уште |
Родно место | Бруклин, Њујорк, САД |
Сопружник |
|
Партнер |
|
Деца |
|
Роднини | Лети Аронсон (сестра) |
Потпис | |
Страница woodyallen.com |
До средината на 1960-те, Ален пишувал и режирал главно комедии на фарси, пред да се премести на драмски материјал под влијание на европската уметничка кинематографија во 1970те, за во денешно време наизменично да работи на комедии и драми. Тој е често идентификуван како дел од новиот холивудски бран на режисери од срединта на 1960-те до крајот на 1970-те.[4] Ален често глуми во своите филмови, типично како личност која ја изградил во стенд-ап настапите. Најпознати од неговите преку 40 филмови се Ени Хол (1977), Менхетен (1979), Хана и нејзините сестри (1986), и Полноќ во Париз (2011). Филмскиот критичар Роџер Иберт го опишал Ален како „богатство на кинематографијата“.[5]
Ален бил номиниран 24 пати и освоил четири Оскари: три за најдобро оригинално сценарио и еден за најдобар режисер (за филмот Ени Хол). Тој дури 16 пати бил номиниран за Оскар во категоријата за најдобро сценарио, и освоил девет БАФТА награди. Ален постојано свири кларинет на мали места во Менхетен.[6]