![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c8/UTC_hue4map_ATA.png/640px-UTC_hue4map_ATA.png&w=640&q=50)
Време на Антарктикот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антарктикот лежи на секој меридијан бидејќи на него се наоѓа Јужниот Пол во кој сите тие се среќаваат. Теоретски ова значи дека Антарктикот би бил во сите часовни појаси; меѓутоа, подрачјата јужно од Јужниот Поларник имаат екстремни дневно-ноќни циклуси околу јунскиот и декемврискиот сонцестој, што го отежнува одредувањето на соодветен часовен појас. Од практични причини, појасите обично се водат според територијалните претенденти; од друга страна, многу станици го користат времето на земјите кои ги поседуваат, или на земјите што ги снабдуваат (на пр. Мекмердо и Амундсен–Скот користат новозеландско време бидејќи главната база за залихи им е во Крајстчерч, Нов Зеланд).[1] Станиците кои се физички блиску се водат во различни појаси бидејќи припаѓаат на различни земји. Многу краишта немаат часовни појаси бидејќи немаат дури ни привремено населени места. Таму едноставно важи UTC.[2]