Војна и мир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војна и мир (руски: Война и мир, староруски: Война и миръ) е роман на рускиот автор Лав Толстој, објавен во 1869 година. Делото е со епски размери и се смета за едно од најславните дела на пишаниот збор. Се смета за едно од најдобрите литературни достигнувања, заедно со другото негово познато дело "Ана Каренина" (1873-1877). Во Војна и мир во најпрецизни детали се опишани настаните кои довеле до француската инвазија на Русија, како и влијанието на ерата на Наполеон врз царистичкото општество, што се гледа преку судбините на петте руски аристократски семејства. Делови од оригиналната верзија се објавени како серијали во списанието Руски гласник помеѓу 1865 и 1867 година. Романот првпат е објавен во целост во 1869 година. Во 2009, "Њусвик" го рангираше на врвот на својата список на Топ 100 книги. Самиот Толстој, некако нерешително, за Војна и мир изјавил дека "не е роман, а уште помалку е дека е поема, туку еден вид историска хроника".
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Автор | Лав Толстој |
---|---|
Изворен наслов | Война и миръ |
Земја | Русија |
Јазик | руски, некои дијалози на француски |
Жанр | историски роман, романса, воена хроника, филозофски роман |
Издавач | Руски гласник (серијал) |
Издадена | 1869 |
Медиум | Печатено (тврди корици) |
Страници | 1.225 (I издание) |
Претходна | Козаците (1863) |
Следна | Ана Каренина (1877) |