Вогел (скијачки центар)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скијалиште Вогел — словенечки ски-центар сместен над Бохињ веднаш до езерото Бохињ. Најблискиот град е Блед. Љубљана е оддалечена околу еден час. Одморалиштето е отворено во 1964 година. Има вкупно 22 километри на скијачки патеки, 8 километри патеки за крос-кантри скијање и сноуборд парк. Ски-центарот се наоѓа на периферијата на националниот парк Триглав, поради што сите активности за правење снег се забранети на просторот. Ски-центарот е именуван по блиската планина Вогел.
Кратки факти Ски центар Вогел, Место ...
Ски центар Вогел | |
---|---|
Поглед на пејзаж | |
Место | Уканц, Бохињ Словенија |
Најблизок град | Блед |
Координати | 46.2756° СГШ; 13.8353° ИГД / 46.2756; 13.8353 |
Вкупен спуст | 1240 м вкупно |
Надм. вис. (најгоре) | 1800 м |
Надм. вис. (најдолу) | 560 м |
Скијачка површина | 0.78 км2 |
Патеки | Вкупно 22 км
9.5 км 12.5 км |
Најдолга патека | 6,8 км |
Жичници | 8 вкупно 1 фунифор 3 Влечници 1 едносед 1 двосед 2 четирисед |
Носивост на жичниците | 8.911 / час |
Снежни врнежи | 800 цм |
Снежен топ | не |
Портал | vogel.si |
Затвори