From Wikipedia, the free encyclopedia
Власт е институционална моќ, заснована на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните или општествените организации. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.[1]
Власта се дели на: законодавна, судска и извршна.
Во овој облик се набљудуваат особините кои ги имаат носителите на власта, начинот на доаѓање на власт и односот на власта кон граѓаните. Во овој облик спаѓаат: Монархија, Диктатура, Република и Хилафет.
Овде станува збор за карактерот на внатрешното уредување на државата и за тоа дали внатрешните механизми се едноставни или сложени. Разликуваме едноставни и сложени држави.
Станува збор за односот на граѓаните спрема државната власт, во овој облик спаѓаат: Автократија, Олигархија, Демократија и Суракратија.
Оваа поделба се занимава со односите помеѓу централната и локалната власт. Во центристичките држави, локалните органи имаат мал степен на самостојност. Во децентрализираните држави, локалните власти се носители на децентрализацијата и на локалната власт. Денес не постои исклучиво една или друга варијанта, во сите држави постои мешавина од овие под системи.
Влада има разни функции меѓу кои: економија, образование, здравство, наука, територија и војна.
Модерна стандардна единица за територија е земја. Во таа територија можат да постојат субнационални органи кои можат да управуваат со некои делови на територијата но немааат целосна моќ, која ја има националната влада.
Владите користат разни методи да одржат ред и мир, како што се полиција и војска (посебно во деспотизмот и полициските држави), договори со други држави, и одржување на поддршката во државата. Типични методи за одржување поддршка и легитимитет се изградба на инфраструктура за судството, администрацијата, транспортот, социјална помош и други. Различни политички идеологии имаат различни видувања за тоа што владата може, а шта не може да прави.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.