крал на Полска и голем кнез на Литванија From Wikipedia, the free encyclopedia
Јогајла (ок. 1352/1362 – 1 јуни 1434), подоцна познат како Владислав II Јагело (полски: [vwaˈdɨswaf jaˈɡʲɛwwɔ] ⓘ),[nb 1] бил Велик кнез на Литванија (1377–1381 и од 1382–1401), а потоа и крал на Полска (1386–1434), најпрво заедно со неговата жена Јадвига до 1399, а потоа како единствен владетел на Полска. Роден како паган, тој подоцна го прифатил католицизмот во 1386 и бил крстен како Ладислав (полски: Władysław) во Краков, се оженил со младата полска кралица Јадвига, и бил крунисан за крал на Полска како Владислав II Јагело.[1] Во 1387, ја конвертирал Литванија во католицизам. По смртта на кралицата Јадвига во 1399, тој продолжил да владее како единствен владетел на Полска уште триесет и пет години, и ги поставил темелите на повеќевековната Полско–Литванска унија. Тој е основач на Јагелонската династија во Полска, која претходно била позната како Гедиминиди во Великото Литванско кнежевство. Династијата владеела со двете држави до 1572,[nb 2] и станала една од највлијателните династии во средновековна и рана нововековна Европа.
Јогајла бил последниот пагански владетел на средновековна Литванија. Откако станал крал на Полска, како разултат на Унијата од Крево, новоформираната Полско-Литванска унија се соочила со растечката моќ на Тевтонскиот ред. Сојузничката победа во битката кај Грунвалд во 1410, проследена со мировниот договор во Торн, ги обезбедила полските и литванските граници и ја означила појавата на полско-литванскиот сојуз како значајна сила во Европа. За време на владеењето на Владислав II Јагело била проширена полската граница и често се смета за почеток на златното доба на Полска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.