Владетелот
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Владетелот“ (италијански: Il Principe) — политичка расправа од фирентскиот политичар и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 година, а првобитно била насловена „За кнежевствата“ (De Principatibus).[1] Книгата не била издадена сè до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа е најпрочуеното дело на Макијавели, одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, кој се употребува во негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира,[2] но ова тврдење е спорно.
Оваа статија се однесува на книгата на Николо Макијавели. За други значења на поимот, погл. Владетел (појаснување).
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“ | |
Автор | Николо Макијавели |
---|---|
Изворен наслов | Il Principe |
Земја | Фиренца (Италија) |
Јазик | италијански |
Предмет(и) | политикологија |
Жанр | стручна литература |
Издавач | Антонио Бладо Дасола |
Издадена | 1532 |
Претходна | Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј |
Следна | Андрија |
Затвори