рамен предел на височина From Wikipedia, the free encyclopedia
Висорамнина или плато [1] — рамнина или благо брановидна област на повисоки места, обично над 200 м.[2]
Најголеми висорамнини во Македонија се Витачево, Мариово и Пелагонија, од кои за типична се смета само Витачево.
Настанокот на висорамнините може да се должи на повеќе геотектонски процеси, including надигање на вулканска магма, избивање на лава и ерозија од вода и ледници. Магмата надоаѓа во обвивката и го надига карпестото тло, со што големите рамни површини се издигаат во височина. Висорамнината може да настане и од лавата што излегува и се шири од пукнатините во кората. Друг начин на образување е по пат на ерозија во планинските венци предизвикана од ледници. Водата исто така може да предизвика ерозија на планините, зарамнувајќи ги.
Висорамнините се делат според нивното окружување. Постојат следниве видови:
Најголема и највисока висорамнина во светот е Тибетската Висорамнина, наречена „покривот на светот“. Зафаќа површина од 2.500.000 км2 и има просечна надморска височина од 5000 м.
Втора по големина е Деосај во покраината Гилгит-Балтистан, Пакистан. Има просечна висина од 4.114 м.
На трето место се наоѓа Поларната Висорамнина (Антарктичка Висорамнина), што го опфаќа најголемиот дел од средиштето на Антарктикот. Тука нема планини, туку само огромни купишта мраз од по 3000 м.
Најголема во Европа е висорамнината Хардангервида во Норвешка.
Најголема висорамнина во Северна Америка, Колорадо, со површина од 337.000 км2. Колорадо, Јута, Аризона и Ново Мексико.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.