Скамоци е роден во Виченца. Татко му, Џан Доменико Скамоци, бил геометар и градежен изведувач; тој бил воедно и неговиот прв учител, задојувајќи го со принципите на Себастијано Серлио. Во периодот од 1579-1580, Винченцо го посетил Рим, а потоа во 1581 се преселил во Венеција. Во 1600 ја посетил и Франција и таму оставил книга на скици со неговите впечатоци од француската архитектура, откриена дури во 1960 г.[1]
Влијанието на Скамоци земало огромен замав, многу поширок и подалечен од самите нарачки во Италија кои го добивал преку неговото дело „Идејата за универзална архитектура“ (L'Idea della Architettura Universale), која претставува последно ренесансно дело во полето на теоријата на архитектурата. Делото било издадено во 1615 во Венеција, и содржело гравурни илустрации. За делови од неговиот осврт кон Витрувиј, Скамоци се потпирал на коментарите на Даниеле Барбаро, објавени во 1556 со илустрации од Паладио;[2] тој исто така расправал и за градежната практика. Ваквите дела станаленачин на самопромовиање, па затоа Скамоци во своето дело вклучил и многубројни свои планови и елевации, како што биле изградени, како што требало да бидат изградени, и како идеализирани проекти. На Скамоци му била јасна користа од ширење на публицитет низ утврдените канали на книжарството.
Пред тоа, неговото прво дело се состоело од набрзина сковани илустрирани коментари за рушевините во Рим, „собрани за неколку дена“ (според воведот на книгата), а гравурите биле преземени од веќе постоечки гравури на лагер. Над половината биле копии на Хиеронимус Кок, објавени во 1550-тите.
Неговото најгажно дело изглегло предоцна за повлијае врз неговиот сопствен успех; Скамоци починал следната година. Неговите дела се подеднакво важен извор на неопаладијанската архитектура на англискиот архитект Иниго Џонс, колку и самиот Андреја Паладио. Историчарот на уметност Рудолф Витковер го нарекол „интелектуален татко на неокласицизмот“.[3]
Сите дела освен едно се наоѓаат во Италија:
1568-1575: Вила на Џироламо Ферамоска, Барбано ди Гризињано ди Ѕоко (покраина Виченца) (со Џан Доменико Скамоци)
1569: Палацо Годи, Виченца (проект, изменет во текот на подоцнежната изведба)
1572-1593: Палацо Тиене-Бонин, Виченца
1574-1615: Вила на Леонардо Верлато, Вилаверла (Виченца)
1580-1592: Вила Капра „Ла Ротонда“, близу Виченца (ја довршил изградбата на вила на Андреја Паладио за Марио Капра, и додал коњушници, недовршени сѐ до 1620)
1581-1599: Нови Прокурации, плоштад Сан Марко, Венеција (продолжено со различно внатрешно уредување од Франческо Смералди и довршено во 1663 од Лонгена)
1582: Палацо Чивидале, Виченца [припишано]
1582-1591: Библиотека при Сан Марко, Венеција (довршено дело на Јакопо Сансовино)
1584-1585: Театар Олимпико, Виченца (ремоделирање на конструкцијата на Андреја Паладио, дрвена бина)
1587-1596: Библиотека при Сан Марко, Венеција (вестибил, Антисала)
1588: Вила Корнаро, Појсоло, Тревиле ди Кастелфранко Венето (Тревизо) (реконструкција)
1588-1590: Театар за Војводата Веспазијано Гонзага, Сабјонета (покраина Мантова)
1590: Вила на Џироламо Контарини, Лореџа (Падова) (преработено при изградба)
1590-1595: Црква Сан Николо да Толентино, Венеција
1591-1593: Скулптури на Венецијанската Република (музеј), Венеција
Витковер, рецензија на Франко Барбиери, „Винченцо Скамоци“ (Верона/Виченца:Каса ди Риспармио) во The Burlington Magazine95 Бр. 602 (мај, 1953), стр. 171.