Вилија
река во Белорусија и Украина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилија (белоруски: Вілія, полски: Wilia) или Нерис (литвански: Neris) — река во Белорусија и Литванија, десна притока на Неман. Долга е вкупно 510 км.
Кратки факти Вилија, Местоположба ...
Затвори
Извира во Белорусија и тече низ земјата 276 км[1] и се нарекува Вилија, па продолжува во Литванија 235 км под името Нерис.
Нерис ја поврзува старата престолнина Кернаве со денешниот главен град Вилнус. Долж бреговите се наоѓаат гробници од стариот век. Кај селото Кармазинај, 25 км од Вилнус се расположени погребни могили со камења од митолошко значење и свет даб.