From Wikipedia, the free encyclopedia
Виктор (Емил) Франкл (герм. Viktor Emil Frankl) (* 26. Март 1905; † 2. Септември 1997) беше австриски невролог и психијатар, Основач е на логотерапијата и егзистенцијалната анализа, третата виенска психотерапевтска школа (заедно со фројдовата психоанализа и адлеровата поединечна психотерапија). Повикувајќи се на неговите доживувања и искуства што ги стекнал како преживеан логораш од холокаустот, тој ја развива логотерапијата во којашто ја нагласува потребата за потрагата по смислата дури и во најтрагичните околности, а неговата книга ‘’Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy ’’ ќе стане едно од најчитаните дела на дваесеттиот век.
Виктор Франкл | |
---|---|
Роден(а) | 26 март 1905
Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 2 септември 1997
Виена, Австрија |
Полиња | Психотерапија |
Влијаел врз | Ирвин Јалом |
Виктор Франкл е роден во Виена, Австрија, во семејство на еврејски службеници. Бил брилијантен ученик, а интересот за психологијата и психијатријата го пројавил уште во тинејџерските години. Веќе на 16 годишна возраст му испратил краток писмен труд на Фројд којшто тој го оценил како одличен и го препратил до Меѓународниот часопис за психоанализа каде што бил објавен три години подоцна. Во 1923 година ја предал матурсkaта тема под наслов Психологија на филозофското мислење. По матурирањето во гимназијата, продолжил со студиите по медицина на виенскиот универзитет каде што и специјализирал неврологија и психијатрија особено проучувајќи ги проблемите на депресијата и самоубиството. По завршувањето на студиите бил поставен за одговорен на одделот за третман на жени кои имале обид за самоубиство. Кога нацистичка Германија ја презема контролата врз Австрија, нацистите го поставуваат Франкл за раководител на болницата Родшилд, единствената еврејска болница на којашто и’ било дозволено да работи во Виена.
Но, со депортацијата на евреите во концентрационите логори, во јануари, 1942 година, Фрнакл бил однесен во кампот Тересиенштад близу Прага, еден месец по женидбата со Матилда Гросер. Подоцна бил префрлен во Аушвиц каде што докторот на кампот Јозеф Менгеле ја надгледувал распределбата на новодојдените логораши во два реда. Оние во левиотѕ ред биле насочувани кон гасните комори, а оние во десниот биле поштедени. Франкл бил распределен во левиот ред, но незабележливо успеал да се спровре во десниот и така успеал да се спаси од сигурна смрт. Таа среќа ја немале неговата бремена жена, родителите и братот.
Во 1947 година, кога било потврдено дека жена му е почината, Франкл се оженил за Елеонор Швинд со која ја има ќерката Габриеле Франкл- Фезели.
Поствоената кариера Франкл ја поминува како професор по неврологија и психијатрија во Виена каде што предавал сè до неговата 85 година. Дваесет и пет години бил шеф на одделот за неврологија при виенската поликлиничка болница. Во текот на својот работен век држел предавања на престижни универзитети, бил добитник на бројни почесни докторати, напишал над 30 книги и бил првиот не-американец кој ја добил наградата Оскар Пфистер од Американската психијатриска асоцијација за врвен придонес во религијата и психијатријата. Негово хоби било планинарењето, а на 67 годишна возраст добил пилотска дозвола.
Починал на 2. Септември, 1997 година, од срцева слабост.
Уште пред војната, Франкл почнал да развива теорија дека психолошкото здравје зависи од наоѓањето смисла во животот. Концентрационите логори, ќе напише, му ги потврдиле овие првични увиди на начин кој никогаш не би го претпоставил. Во камповите на смрта, тој забележал дека затворениците кои дозволиле да бидат преплавени од очајот, кои се откажале од слободата да избираат, често запаѓале во паралитичка апатија и депресија. Клучот да им се помогне на овие луѓе бил да им се покаже како да ја најдат смислата дури и во околности на незамислив ужас. Смислата би можела да се состои од држење до пријатните сеќавања или да им се помогне на логорашите да се откажат од самоубиство.
По поразот на Германија и неговото ослободување од логорот, Фрнакл се вратил во Виена и благодарение на скришно зачуваните ракописи од неговите посматрања за психологијата на логорашите, издава книга под наслов ‘’…trotzdem Ja zum Leben sagen: Ein Psychologe erlebt das Konzentrationslager’’. Книгата подоцна е преведена и преработена на англиски и издадена под наслов ‘’ ’Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy’’. До неговата смрт, книгава е преведена на 24 јазици и препечатена 73 пати и долго време е користена како обврзно четиво во многу средни училишта и универзитетски курсеви по психологија, филозофија и религија. Книгата извршила големо влијание врз работата на многу психијатри кои им ја препорачувале оваа книга на своите очајни пациенти кои ја изгубиле вредноста на живеењето.
На германски:
На англиски:
Strickland, B. (Ed.) (2001) The Gale Encyclopedia of Psychology, 2nd ed. Gale Group ISBN 0-7876-4786-1
При составувањето на текстот користени се податоци и од англиската и германската википедија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.