Викторија, престолонаследничка принцеза од Шведска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викторија, престолонаследничка принцеза на Шведска, војвотка од Вестерјетланд (Викторија Ингрид Алис Дезиреја, 14 јули 1977 ) - наследничка на шведскиот престол, како најстаро дете на кралот Карл XVI Густаф. Доколку се искачи на престолот како што се очекува, таа ќе биде четврта кралица владетелка на Шведска (по Маргарет, Кристина и Улрика Елеонора) и прва од 1720.