Википедија:Солидарност со настраданите во невремето во северозападна Македонија на 6 август 2016 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедија на македонски јазик се приклучува кон иницијативите за помош на настраданите во невремето кое го зафати Скопскиот и соседниот Полошки Регион на 6 август 2016 година, кое одзеде човечки животи и остави многу жители без домови, покуќнина и основни средства за живот.
![Помогнете на настраданите!](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/26/Helpinghandlogo.svg/320px-Helpinghandlogo.svg.png)
Ги повикуваме читатели и уредници на солидарност со своите сограѓани и сонародници, настрадани во оваа природна катастрофа.