Википедија:Превметнување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Превметнувањето (анг. transclusion) е вметнување на содржини од еден документ во друг со упат. Во контекст на Википедија, ова подразбира употреба на предложната функција на МедијаВики за поставување на една иста содржина во повеќе документи без да треба да се уредуваат засебно. Превметнување на предлошки е чест начин на употреба на предложни пораки, и се применува со помош на предложна ознака од следниов облик:
{{Назив на предлошката}}
Кратенки: ВП:ПВ ВП:ТРАНС |
---|
Понекогаш се јавува потреба од користење на предлошка, но од извесни причини не е пожелно превметнување. Автоматското еднократно копирање на код/текст на предлошката до местото на предложната ознака се нарекува замена на предлошки (анг. subclusion, од substitution + transclusion). За замена на код/текст на една предлошка, треба да се измени предложната ознака од нејзиниот стандарден облик како ознака за превметнување во облик на ознака за замена, и сето тоа просто со додавање на subst:
, така создавајќи ознака од обликот:
{{subst:Назив на предлошката}}