Википедија:Почетен курс (Слики)
From Wikipedia, the free encyclopedia
На оваа страница е објаснето како да внесувате слики во статии ја Викиедија корисејќи викитекст. Ова е едно од најчесто поставуваните прашања. Тука се опишани можностите за укажување на сместувањето, алтернативниот текст, описот, големината и врските, а содржи и совети за панорами и како да избегнете напластување на сликите. Постои и технички документ кајшто се обработува синтаксата. Истата синтакса важи како за податотеките од Википедија, така и за оние од Ризницата. Ако ви треба помош со подигање на слики, или пак при избор на соодветна слика за некоја статија, погледајте ги правилата за употреба на слики и Прирачникот за стилот. Сликите од највеќето страници на интернет се заштитени со авторски права и не смеат да се подигаат. Погледајте: правилата за авторски права. Подигнете ја сликата со што повисока резолуција, но податотеката не треба да има повеќе од 100 мегабајти.
Пред да ставите некоја слика во статија, погледајте ја нејзината страница за опис за да проверите дали е јасно наведен нејзиниот авторски правен статус, по можност со една од ознаките за лиценци на слики.