Википедија:Марионетство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марионета е алтернативна корисничка сметка користена за нарушителни и злонамерни цели што ќе ги нарушат или ќе влијаат врз правилата на Википедија.
![]() |
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
![]() |
Најважното од страницава: Општото правило е: еден корисник, една сметка. Не користи повеќе кориснички сметки за да создадеш илузија за поголема поддршка за одреден спор, Не барај твои пријатели да направат кориснички сметки за да те поддржат на Википедија. |
Сите Википедијанци можат да регистрираат корисничка сметка од која тие можат да уредуваат. Оваа сметка ќе се развива и ќе остане како еден вид идентитет на тој корисник на Википедија, и со тоа ќе помогне останатите корисници да го препознаваат корисникот, неговите ставови и интереси.
Поради поголем број на причини, некои Википедијанци создаваат повеќе кориснички сметки. Некои алтернативни употреби на алтернативни кориснички сметки се строго забранети, како на пример наштетување на други корисници, нарушување консензус и влијание врз неутралноста на Википедија. Ваквите кориснички сметки се блокираат за секогаш, оригиналната и марионетската.
Доколку некој корисник користи алтернативна корисничка сметка, тоа треба да го објави пред Вики заедницата заедно со целите на таквото создавање на алтернативна сметка и црвсти причини за создавање на истата.