|
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница. |
Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите. Ова мене ми личи како да си поставен за директор на некоја фирма, а во 10 години ниту еднаш да не отидеш на работа.--Retrohead (разговор) 12:22, 24 јануари 2017 (CET)
- Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме процес за одземање на администраторските права, а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 24 јануари 2017 (CET)
- Ок, ќе им оставам порака на вики профилите, па ако не реагираат ќе иницирам постапка.--Retrohead (разговор) 23:47, 24 јануари 2017 (CET)
- Дефинитивно треба да ги контактирате администраторите во прашање. Требало уште во 12:22, 24 јануари 2017 да ме исконтактирате.
- Инаку, не ја гледам причината да се отстрануваат администратори, освен ако нема некој лимит или нешто слично што го спречува функционирањето на проектот. Тоа е моето општо мислење.
- Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
- Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —iNkubusse A? 02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само Кирил не се предава! :D
- 8 до 10 години!
- Толку многу сме остареле, INkubusse, што се изненадив дека некој ми пишал: бидејќи средував нешто ситно на англиската Википедија, си мислев дека нотификацијата се однесува на нешто тамошно, ама бидејќи и јас, како тебе, ретко (и главно анонимно) уредувам, ми требаа неколку секунди да сфатам кој и каде ми пишува. Би се повторил кога би напишал што и да е повеќе по однос на темава: да пишував пред INkubusse, веројатно ќе напишев нешто многу слично. Премногу работни обврски и нереализирани цели на личен план за да насетам враќање во блиска иднина, па не гледам зошто не би бил преместен од поделокот на неактивни во оној на поранешни администратори; и самиот, кога пред некое време ги гледав листите, сфатив дека припаѓам таму: неколку години имав задоволство да работам со оние од листата на неактивни и поранешни администратори, а дел од активните администратори (Raso mk, Тиверополник, MacedonianBoy) го стекнуваа своето реноме и статус некако паралелно со нашата деволуција од активни во полуактивни администратори; останатите, ако не се лажам, некаде тогаш почнуваа активно да уредуваат. Природна смена на генерации. Секако, концепт без никакво значење за Бојан и Кирил.
- Беше убаво додека имавме време. Светот, за жал, да ти бил безнадежно различен и не многу заинтересиран за аргументи. Капа долу до сите што издржавте. – Виктор Јованоски (разговор) 10:59, 28 јануари 2017 (CET)
- Кога ќе размислам од денешна перспектива (и јас еднаш спомнав за отстранување) што корист има Википедија ако им се одземат правата на неактивните админи? Ништо. Нека бидат и понатака админи, самото тоа што се ставени во секција неактивни е доволно. Активните корисници имаат претстава кој е активен а кој не. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:29, 28 јануари 2017 (CET)
- Ок, бидејќи има различни мислења, ќе отворам гласање, па кој како сака. Бидејќи Гитар Демон не одговори, ниту пак има намера да се враќа, судејќи според шаблонот на неговата страница за разговор, мислам дека одлуката за него не би била контроверзна, но како и да е. Инаку, Ivica83 бил админ или не, бидејќи го нема на списокот? И уште едно прашање, дали е тоа целосен All-Time список на админи?
- П.С.—Почит за улогата на Виктор и Инкубус во етаблирањето на македонската Вики, ако не се согласуваат со мојот предлог, целосно ги разбирам.--Retrohead (разговор) 14:43, 29 јануари 2017 (CET)
- @Retrohead: Предлозите за одземање на администраторскиот статус во минатото ги правевме преку поднесување на барање на посебна страница, па поради поголема прегледност и систематичност во целиот процес предлагам да се поднесат одделни барања преку процесот за одземање на администраторскиот статус.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:36, 31 јануари 2017 (CET)
- Ок, направено. Ако може известување во горниот дел од екранот дека гласањето е во тек.--Retrohead (разговор) 17:00, 31 јануари 2017 (CET)
- Ок Известувањето е додадено.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:15, 31 јануари 2017 (CET)
Ќе може ли накратко да м објасните како да отворам нова статија, некако комплицирано ми е уредувањево на Википедија. Пробувам со песочникот па уреди извор па темплејт за инфо бокс средував ама не е ништо објавено. Ми пристигна порака дека погрешни се извори цитирани од фесбук и ју тјуб, тоа го променив, наведов извор од оригиналната веб страна но повторно ништо.--Branko1Sotirovski (разговор) 19:08, 1 февруари 2017 (CET)
- Во горниот десен агол има поле „Пребарајте по Википедија“. Во него впишете наслов на статијата која сакате да ја создадете. Доколку статијата не постои, насловот кој го впишавте ќе се појави со црвени букви и известување дека статијата не постои. Кликнете на црвените букви и започнете со пишување на текстот. Кога сте готови, кликнете „зачувај“ и voila, статијата е достапна за корисниците.--Retrohead (разговор) 10:02, 2 февруари 2017 (CET)
Здраво на сите,
би сакал да ве известам дека од денес, благодарение на мое залагање и со помош од Фондацијата Викимедија, која стапи со самиот фејсбук, групата Википедија на македонски јазик е верификувана. Тоа значи дека е признаена од страна на фејсбук и сега до нашето име ќе се употребува и синиот знак „штикла“, која означува дека страницата е автентична. Страницата се трудиме да ги промовира подеднакво страниците, фотографиите на Ризницата, разни интересни факти и слично. Слободно контактирајте ме доколку имате вакви идеи, а веќе не биле промовирани. Убав ден за нашата Википедија --Ehrlich91 (разговор) 21:13, 15 февруари 2017 (CET)
Здраво,
Не ми е јасно како се креираат шаблони (доколку тоа можам јас да го правам) па би сакал некој да ми објасни а доколку тоа треба друг да го направи тогаш да исконтактираме и да направи шаблон. Имам во план проект со кој ќе се направат теми за единици, бригади и сл. низ воените сили па во тоа ќе помогне и творбата на еден таков шаблон.
Поздрав.
- Здраво Идеологист, еве веќе готов шаблон за бригади. Треба да провериш дали можеби постои тоа што ти би сакал да го креираш? Поздрав - Виолетова (разговор) 19:58, 28 февруари 2017 (CET)
- Во англиската Википедија кодот за тоа е infobox, токму тоа го барам јас. Содржината е склоп на сите поими за воени единици, значи не пример статија за некој баталјон кој постои и дејствува туку статија за тоа што значи поимот баталјон, од каде датира и сл. Значи, ова е само пример, јас ќе се обидам да направам така за сите воени единици (поим за чета, вод, баталјон, бригада итн.). Ваква кутија за информации има во англиската Википедија но нов сум овде и незнам како да воведам врска од англиската Википедија во овој текст. Ви благодарам за одговорот пред сè.
Идеологист 22:27, 28 февруари 2017 (CET)
- Здраво, веќе постои и таков шаблон (Предлошка:Инфокутија Воена единица) како што можам да забележам. За параметрите во самиот шаблон, можеш да ги најдеш на англиската Википедија, бидејќи нема шаблонска документација на нашата или од веќе создадена статија за некоја од бригадите, каде што веќе е употребен овој шаблон. Се надевам ти помогнав. --Ehrlich91 (разговор) 22:39, 28 февруари 2017 (CET)
Би Ве замолила за помош за уредување на статијата Елдин Вражалица! Бидејќи ѝ се заканува бришење, а јас се уште ја уредувам, т.е. имам ставено назнака за никулец, Ве молам помогнете ми како да ја средам. Благодарам! NatasaNedanoska (разговор) 23:13, 13 март 2017 (CET)
Почитувани википедијанци, нашиот долгогодишен пријател и вработен во Фондацијата Викимедија Асаф Бартов (кориснички сметки: Ijon, Asaf (WMF)) е заинтересиран да ја посети Македонија во периодот од 22-23 април 2017 година и во Скопје да одржи дводневна работилница наменета за заедницата на Википедија на македонски јазик. Асаф е одличен предавач и говорник со долгогодишно искуство во работата со заедниците од земјите во развој, а во изминатите неколку години има остварено и посета на земјите од нашето окружување.
Одржаната работилница би била во склоп на иницијативата Развој на капацитетите на заедницата, чија цел е откривање на потреби и начини за развој на капацитетите на заедниците. Една од темите на обуката би била воведување на заедницата во проектот Википодатоци и запознавање со неговата функционалност и значење при уредувањето на останатите викимедиини проекти. Во врска со другите теми е потребно нашата заедница да одлучи што би биле заинтересирани да научиме и кои способности и вештини сметаме дека треба да ги подобриме. За таа цел, во склоп на иницијативата се предвидени следните шест тематски подрачја, и тоа:
- Управување со заедницата;
- Разрешување конфликти;
- Технички вики-вештини;
- Привлекување и поддршка на нови корисници;
- Партнерства; и
- Комуникации и односи со медиуми.
Покрај овие теми, можно е да одбереме и некои други коишто сметаме дека се важни за нашата заедница и лично за нас како википедијанци. Работилницата е планирано да вклучува и интерактивен дел со прашања и одговори во врска со работи поврзани со движењето.
Мислам дека ова е голема можност за развој на капацитетите на нашата заедница, како и на нашите поединечни вештини и истата не треба да ја пропуштиме. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани википедијанци да се пријават и да се вклучат во дискусијата за одредување на другите теми што би биле опфатени на работилницата.
Внимание: Работилницата би била изводлива и би се одржала доколку на неа учествуваат најмалку 10 лица.
Дискусија
Со оглед на тоа што времето одминува и е потребно да му одговориме на Асаф, исходот од дискусијата е дека работилницата нема да се одржи поради слабиот интерес од страна на заедницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 14 април 2017 (CEST)