From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалистичка Република Виетнам (виетнамски: Cộng Hoà Xã Hội Chủ Nghĩa Việt Nam), или скратено Виетнам е земја во југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина, и граничи на север со Кина, на запад со Лаос, на југозапад со Камбоџа, како и со Јужнокинеското Море на исток. Таа е најнаселена земја на копното на Југоисточна Азија.
Социјалистичка Република Виетнам Cộng hòa Xã hội chủ nghĩa Việt Nam
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Độc lập – Tự do – Hạnh phúc „Независност-слобода-среќа“ |
||||||
Химна: Tiến Quân Ca "Армиски марш" |
||||||
Местоположба на Виетнам.
|
||||||
Главен град | Ханој 21°2′N 105°51′E | |||||
Најголем град | Хо Ши Мин | |||||
Службен јазик | виетнамски | |||||
Официјално писмо | виетнамска азбука | |||||
Демоним | Виетнамец | |||||
Уредување | Унитарна социјалистичка, еднопартиска република |
|||||
• | Претседател | Труонг Тан Санг | ||||
• | Премиер | Нгујен Тан Дунг | ||||
Законодавство | Национално собрание на Виетнам | |||||
Основање | ||||||
• | Даи Виет | 1054 | ||||
• | Француска колонизација | 1853 до 1883 | ||||
• | Независност | 2 септември 1945 | ||||
• | Обединување | 2 јули 1976[1] | ||||
• | Сегашен устав | 15 април 1992 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 331,698 км2 (65th) | ||||
• | Вода (%) | 1.3 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2011 | 90,549,390 (13th)[2] | ||||
• | Густина | 259 жит/км2 (46-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $273.967 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $3,104.179[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $104.600 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $1,168[3] | ||||
Џиниев коеф. (2002) | 37 среден · 59-та |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.638[5] среден · 121ва |
|||||
Валута | донг (₫)[6] (VND ) |
|||||
Часовен појас | ICT (Индокинеско време) UTC+7 (UTC+7) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+7) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .vn | |||||
Повик. бр. | 84 | |||||
1. | Според официјалното име од уставот од 1992. |
Гиа-Лонг, виетнамски владетел, на своето крунисување во 1802 година, посакал неговото кралство да се вика Нам Виет и испратил гласник за да добие согласност од Пекинг. Но, Синот на Небото Манчу (кинескиот цар) настојувал името да биде Виет Нам. Причината за оваа инверзија е следново: Виет Нам (на кинески Јуех-нан) значи, приближно, јужно од Виет (Јуе), подрачје кое било освоено од кинеската династија Хан седумнаесет векови порано и за кое се смета дека ги опваќало и денешните кинески провинции Квантунг и Квангси, како и долинината на Црвената Река. Нам Виет за Гиа-лонг значело Јужен Виет (Јуех), односно претензија врз старото царство. Според Александар Вудсајд: тешко дека виетнамските владетели од пред еден век го почитувале името Виетнам како целина еманирано од Пекинг, онака како што се почитува во овој век (20 век б.н). Како вештачки службен назив, не го употребувале многу ни Кинезите ни Виетнамците. Кинезите се залепиле за навредливиот Т‘ анг збор Анам... Виетнамскиот двор, од друга страна, на своја рака измислила ново име за своето кралство во 1838-39 и не чувствувал потреба да го информира кинескиот двор за тоа. Новото име Даи Нам, Големиот Југ или Империјалниот Југ, редовно се појавувало во дворските документи и службените историски компилации. Но, не опстанало до денес.[7]
Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương). Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања.
Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини (xã).
Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).
Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.
Бр. | Name | Покраина | Нас. | Бр. | Name | Покраина | Нас. | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Хо Ши Мин | Општина | 8,146,300 | 11 | Буон Ма Туот | Дак Лак | 340,000 | Хајфонг Да Нанг | |
2 | Ханој | Општина | 7,216,000 | 12 | Хуе | Тија Тијен-Хуе | 333,715 | ||
3 | Хајфонг | Општина | 1,763,000 | 13 | Тај Нгујен | Тај Нгујен | 330,000 | ||
4 | Да Нанг | Општина | 1,328,000 | 14 | Вунг Тау | Ба Жија-Вунг Тау | 327,000 | ||
5 | Кантхо | Општина | 1,248,000 | 15 | Куј Њон | Бињ Дињ | 311,000 | ||
6 | Бијен Хоа | Донг Нај | 1,104,495 | 16 | Лонг Сујен | Ан Жјанг | 280,300 | ||
7 | Ња Чанг | Хањ Хоа | 792,397 | 17 | Вјетчи | Фу То | 277,539 | ||
8 | Вин | Нге Ан | 490,000 | 18 | Бак Нин | Бак Нињ | 272,634 | ||
9 | Хај Зионг | Хај Зионг | 403,893 | 19 | Ту Дау Мот | Бињ Зуонг | 271,000 | ||
10 | Да Лат | Лам Донг | 356,393 | 20 | Тај Бин | Тај Бињ | 270,000 |
Верници во Виетнам | ||||
---|---|---|---|---|
Виетнамска народна религија | 73,2 % | |||
Будисти | 12,2 % | |||
Католичка црква | 6,8 % | |||
Каодисти | 4,8 % | |||
Протестанти | 1,5 % | |||
Таоисти | 1,4 % | |||
Други | 0,4 % |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.