Вестгејт (Најроби)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трговскиот центар Вестгејт е трговски центар што се наоѓа во населбата Вестлендс во Најроби, Кенија. Првпат бил отворен во 2007 година. Терористичкиот напад врз трговскиот центар од 2013 година резултирал со смрт на најмалку 67 лица, вклучувајќи и четворица напаѓачи, и 175 повредени. На крајот од нападот, трите ката на трговскиот центар се урнале.
Кратки факти Место, Координати ...
Трговскиот центар Вестгејт во јули 2007 г. | |
![]() | |
Место | Најроби |
---|---|
Координати | 1°15′25″S 36°48′12″E |
Адреса | Мванзи, Вестлендс |
Отворен на | 2007 (2007), 18 јули 2015 (2015-07-18) (повторно отворање) |
Продавници | 80+ |
Површина | 33,000 m2 |
Спратови | 5 |
Мреж. место | westgate.co.ke |
Затвори
Центарот бил реновиран и повторно отворен на 18 јули 2015 година со намалена површина. Во тек е реконструкцијата на остатокот од трговскиот центар.