Велики четврток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.
Велики четврток | |
---|---|
Тајната вечера, икона од Симон Ушаков (1685). | |
Наречен и | Величетврток, Чист четврток |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји |
Вид | христијански |
Датум | ден по Велика среда, 3 дена пред Велигден |
Поврзано | Цветници, Велигден |
Тропарот на празникот, којшто е доста содржаен е следниот: „Кога славните ученици, при миењето на нозете на Вечерата, се просветлуваа, тогаш злочестивиот Јуда, болен од среброљубие, се помрачуваше и на беззаконите судии, Тебе – праведниот Судија – те предава. Душо среброљубива, гледај каде оди да се обеси таквата душа; одврати се од среброљубието на Јуда, кој се осмели да Му направи такви работи на својот Учител; Господи Кој си добар за сите, слава Ти.“