Везачка на чипки (Вермер)
слика на Јан Вермер From Wikipedia, the free encyclopedia
слика на Јан Вермер From Wikipedia, the free encyclopedia
Везачка на чипки (холандски: Die Spitzenklöpplerin) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1669 - 70 година[1].
Творец | Јоханес Вермер |
---|---|
Година | c. 1669–70 |
Димензии | 24.5 см × 21 см |
Место | Лувр, Париз |
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Вермер. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело ги следи неговите ликовни постулати [2].
Во центарот на сликата е претставена една млада девојка која седи на мало столче покрај исто така мало работно масиче. Таа носи светложолт фустан со голема бела чипкана јака, во левата рака држи две игли, а со другата внимателно ја боцка иглата во рамната перница на која е поставена шемата на тантелата. На малата дрвена кутија покрај нејзината десна рака има мал куп иглички за изработка на чипката, свиленатеа конци се чуваат во кутивче налик на перница, од која непречено се одмотуваа бели и црвени нишки.Косата на младата жена е богато уредена . Кафеавата коса е разделена и преку челото и преку главата. Косата на задниот дел на главата и е плетена во плетенка што цврсто се обвиткува на задниот дел од главата. Нишки кадрици се навиваат од двете страни , ослободени од строгата фризура. Фризурата и облеката, како и обработката на скапо свилено предиво, сугерираат најверојатно на член од семејството на Вермер .[3].
Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Поетско чувство за атмосферата - тивка ненаметлива, сконцентрирана. Често се споменува нејзината историја или нејзината позиција во рамките на историјата на уметноста но, не се разгледуваат симболите, композицијата, неверојатното сликарско толкување на мотивот и бројни други елементи кои се доказ за обмисленоста, анализата и филозофската ликовна постапка кај овој генијален автор[4].
Вермер спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Бројните проучувања меѓу кои спаѓаат и ренгенски скенирања, и не само за ова негово дело, откриле употреба на чисти и добро обработени пигменти, точна и мајсторска употреба на врзива, масло, лак и други технолошки елементи кои најверојатно Вермер, самиот ги приготвувал според сопствените истражувања и потреба во ликовниот израз. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Вермер инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката[5].
Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошло подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, психологијата на моделите - најчесто женскиот лик и друго се содржината која е предмет на инспирација и ликовна поука за многу сликари. Во дваесеттиот век неговата постапка ќе биде основата за развојот на стилскиот правец хипер реализам како и надреализам.Таа често се јавува како цитат и во применетата уметност дизајнот а и во делата на некои постмодерни сликари.[6].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.