![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Web_2.0_Map_mk.svg/langmk-640px-Web_2.0_Map_mk.svg.png&w=640&q=50)
Пајажина 2.0
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пајажина 2.0 (англиски: Web 2.0) е поим смислен од Орајли Медија во 2004 година[1], а се однесува на восприемените или предложените услуги засновани на интернет од втора генерација, како што се мрежните места за друштвено вмрежување, викија, алатки за комуникација и фолксономии, со кои се нагласува соработката преку интернет и споделувањето информации помеѓу корисниците. О‘Рајли Медија и Медија лајв интернешнл ја користеа фразата како наслов за серија конференции, по што некои техничари и луѓе од маркетингот ја имаа усвоено. Нејзиното значење не е точно определено, а некои експерти, како Тим Бернерс Ли, го имаат поставено прашањето дали терминот воопшто има значење[2].
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Web_2.0_Map_mk.svg/640px-Web_2.0_Map_mk.svg.png)
Последната компактна дефиниција на Пајажина 2.0, според Тим Орајли, гласи:
«Пајажина 2.0 е деловна револуција во сметачката индустрија, предизвикана од придвижувањето кон интернет како платформа, и претставува обид да се разберат правилата за успех на оваа нова платформа. Главно правило во оваа област е: гради апликации кои ги користат ефектите од вмрежувањето за да станат подобри, па за да ги користат повеќе луѓе. (Ова на друго место го имам наречено „користење на колективната интелигенција“.)»[3].
Концептот Пајажина 2.0 започна со сесија помеѓу О’Рајли и МедиаЛајв Интернешнл. Дејл Доџерти и О’Рајли, увидоа дека пајажината воопшто не се уништи, туку стана повеќе важен од било кога, со нови апликации и мрежни места. Компаниите кои го преживеаја колапсот имаат нешто заедничко. Дали колапсот на дот-компаниите означи некаков нов почеток за интернетот (пајажината)? Така беше родена идејата за Пајажина 2.0.[4] Зголемувањето на оутсорсинг и мрежни услуги не е ништо друго туку почетокот на Пајажина 2.0 , според Скот Диетзен, каде пајажината станува универзална, заснована на стандарди, интегрирана платформа. Пајажина 1.0 е коренот на компаниската инфраструктура.[5]