Вајт Харт Лејн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вајт Харт Лејн (англиски: White Hart Lane) — поранешен стадион кој се наоѓал во населбата Тотенхем во северен Лондон, Англија. Своите домашни натпревари на овој стадион ги играла екипата на ФК Тотенхем Хотспар во Премиер лигата. Стадионот бил со сместивост од 36,285 места за седење.[1] Стадионот бил целосно срушен на крајот на сезоната 2016–17, и на негово место ќе биде изграден целосно нов стадион.[2]
Стадион „Вајт Харт Лејн“ | |
---|---|
„Лејн“ | |
Целосно име | Вајт Харт Лејн |
Место | Тотенхем, Лондон, Англија |
Координати | 51°36′12″N 0°03′57″W |
Изграден | 1898 |
Отворен | 4 септември 1899 |
Реновиран | 1991 |
Проширен | 1962 |
Затворен | 2017 |
Срушен | 2017 |
Сопственик | ФК Тотенхем Хотспар |
Оператор | ФК Тотенхем Хотспар |
Подлога | Десо Грасмастер |
Цена на изградбата | £100,050 (1934) |
Архитект | Арчибалд Лич |
Игра | ФК Тотенхем Хотспар |
Гледачи | 36,284 |
Освен тоа што на стадионот настапувал фудбалскиот клуб Тотенхем, кој е познат меѓу навивачите на Спарс како „Лејн“, Вајт Харт Лејн бил место каде се одиграле неколку натпревари каде домаќин била Фудбалската репрезентација на Англија и Фудбалската репрезентација на Англија до 21 година.[3][2][2][2][2][2][2][2] Градежните работи се во тек за Тотенхем за да се преселат во новиот стадион со проценета сместивост од 61.000 гледачи,[4]. кој се дизајнирани од страна на Populous, што исто така го дизајнираше стадионот на соперникот Арсенал, Емирати. Почетните дизајни се создадени од страна на КСС Design Group назад во 2008 година, но по долго време одложувања, било дозволено да се промени компанијата со друга компанија.[5]