Варшава
главен град на Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Варшава (полски: Warszawa) — главен град на Полска. Сместен е на реката Висла, околу 350 км од Балтичкото Море и Карпатските Планини. Проценет број на население во 2018 г. изнесува 1.764.615[1].
Варшава Warszawa | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Местоположба на Варшава во Полска | ||||||||||
Координати: 52°13′56.28″N 21°00′30.36″E | ||||||||||
Управа | ||||||||||
Население (2018) | ||||||||||
• Вкупно | 1 764 615 | |||||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | |||||||||
Повик. бр. | +48 22 | |||||||||
Мреж. место | www.um.warszawa.pl |
Варшава е најголемиот град во Полска по население и површина. Тој е и единствениот полски град чиј политички систем е дефиниран со посебен акт. Од 2002 година е урбана општина со статус на град со право на повијат (административна единица од втор степен). Се состои од 18 помошни единици - населби на главниот град на Варшава.
Варшава е важен научен, културен, политички и економски центар. Тука се и седиштата на, меѓудругото, Претседателот на Република Полска, Сејмот и Сенатот, Советот на министри и Народната банка на Полска. Варшава е и седиште на агенцијата Фронтекс, одговорна за безбедноста на надворешните граници на Европската унија, и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), агенда на ОБСЕ.
Во 2020 година, Think tank [2] Глобализацијата и светските градови (GaWC), проучувајќи ги меѓусебните односи меѓу светските градови во контекст на глобализацијата, ја класифицира Варшава во категоријата Алфа [3].