![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9b/Leg_Before_1.jpg/640px-Leg_Before_1.jpg&w=640&q=50)
Варикозни вени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Варикозни вени (или проширени вени) — вид на заболување кое се јавува кај нозете бидејќи, во својот пат околу телото, доста е тешко крвта да се искачи нагоре по нозете. За да се спречи крвта да се врати назад, нашите вени имаат залистоци што се затвораат зад крвта како што таа се движи низ вените. Ако овие залистоци попуштат, доаѓа до собирање на крв во вените, што предизвикува тие да се набубрат.
Кратки факти Варикозни вени, Синоними ...
Варикозни вени | |
---|---|
Синоними | Проширени вени |
![]() | |
Лева нога со варикозни вени | |
Специјалност | Васкуларна хирургија, дерматологија |
Симптоми | Нема, болка |
Компликации | Крварење, суперфицијален тромбофлебитис |
Ризик-фактори | Дебелина, недоволно вежбање, повреда на ногата, семејна историја, бременост |
Дијагностички метод | Врз основа на испитувањата |
Диференцијална дијагноза | Артериска инсуфициенција, периферен невритис[1] |
Третман | Компресивни чорапи, вежби, склеротерапија, хирургија |
Прогноза | Најчесто се повторува |
Честота | Многу честа |
Затвори
Ризикот за добивање проширени вени се зголемува кај следниве луѓе:
- оние кои се бремени
- оние со голема дебелина
- оние со голема височина
- оние кои долго време стојат или седат во една положба (работење во продавница, на пример)
- оние со семејна историја на проширени вени