Валпараисо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валпараисо (шпански: Valparaíso, букв. „Рајска Долина“) — еден од поголемите градови на Чиле, и еден од најважните пристаништа и растежен витален културен центар во јужно тихоокеанската полутопка. Градот е сместен во центарот на Чиле, и е управен центар на истоимениот регион. Сантјаго е престолнина на Чиле, но во Валпараисо е седиштето на националниот конгрес. Изграден на ридови со поглед кон тихоокеанскиот океан, поседува богата архитектурна и културна оставина. Валпараисо е под заштита на УНЕСКО, и често е абривеиран како еден од неалатинските американски најинтригантни урбани области. Но како и повеќето од Чиле, е ранлив на земјотреси, во последниот најсилен земјотрес во 1906 година загинале 3000 луѓе. Во 2003-та Чилеанскиот конгрес го прогласи Валпараисо за Чилеанска културна престолнина и седиште на новото националното културно министерство. Технички погледнато е шести по население град во земјата со 263.982 жители, Но агломерацијата, Велик Валпараисо има 829.143 илјади жители и е втор град во Чиле. Градот изиграл важна геополитичка улога во првата половина на 19-от век, кога служел како главна постојка на бродовите што патувале меѓу Атлантскиот и Тихоокеанскиот (Тихи) Океан. Отсекогаш е магнет на европски имигранти и до неодамна бил познат под името "Мало Сан Франциско" и "Накитот на Тихиот Океан". Сведоштва за поранешната слава на Валпараисо се најстарата Латино Американската Берза. Важен образовен центар со 9 универзитети.
Валпараисо Valparaíso | |||||
---|---|---|---|---|---|
Разни знаменитости на Валпараисо | |||||
| |||||
Прекар(и): Драгиот камен на Тихоокеанието, Валпо | |||||
Координати (city): 33°03′S 71°37′W | |||||
Земја | Чиле | ||||
Регион | Валпараисо | ||||
Покраинја | Валпараисо | ||||
Основан | 1536 | ||||
Админ. центар | Валпараисо | ||||
Управа[1] | |||||
• Вид | Општина | ||||
• Градоначалник | Хорхе Кастро Муњос | ||||
Површина[2] | |||||
• Градска | 401,6 км2 (1,551 ми2) | ||||
Надм. вис. | &1000000000000001000000010 м | ||||
Население (2012)[2] | |||||
• Градско | 284.630 | ||||
• Густина | 71/км2 (180/ми2) | ||||
• Градскo | 275.141 | ||||
• Метро | 930.220 | ||||
• Рурално | 841 | ||||
Час. појас | CLT (UTC−4) | ||||
• Лето (ЛСВ) | CLST (UTC−3) | ||||
Повик. бр. | (земја) 56 + (град) 32 | ||||
Мреж. место | Портал (шпански) |