Валенсија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валенсија — главниот град на истоимената шпанска покраина Валенсија. Валенсија е третиот град по големина во Шпанија и 21 најголем во Европската Унија. Градот зафаќа дел од индустриската зона Коста дел Азахар.
Според статистикта од 2021, Валенсија има население од 792,492 жители[1]. Популацијата на градското подрачје (со околните мали градови) — 1,595,000 според пописот од 2021[2]. Од 2023 година градоначалник на Валенсија е Марија Хосе Катала.[3]