белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Бјорг Ламбрехт (холандски: Bjorg Lambrecht; 2 април 1997 — 5 август 2019 ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[2]
Ламбрехт во 2016 г. | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Бјорг Ламбрехт |
Роден | 2 април 1997 Гент, Белгија |
Починал | 5 август 2019 22) Рибник, Полска | (возр.
Висина | 1,69 м[1] |
Маса | 56 кг |
Податоци за клубот | |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Аматерски клубови | |
2016–2017 | Лото-Судал У23 |
Професионални клубови | |
2018–2019 | Лото-Судал |
Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[3] Починал на 5 август 2019 година при пад во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019.[4]
Ламбрехт живеел во белгискиот град Кнеселаре, сместен помеѓу Брухе и Гент. Се родил во семејството на Курт и Анје Ламбрехт и имал сестра, Брит.[5]
Во 2015 година, Ламбрехт станал национален јуниорски првак, претекнувајќи ги Глен ван Нуфелен и Стејн Голертс, кои завршиле втор и трет, соодветно.[6]
Во 2016 година предизвикал изненадување кога ја освоил воведната етапа на Ронд де л’Изар. На завршната етапа бил испратен во погрешна насока од страна на организаторите на трката. Жирито ја признало грешката и така Ламбрехт станал трет Белгиец, кој ја освоил трката по Јаник Ејсен (2010) и Луј Вервеке (2014).[7][8] Две недели подоцна, Ламбрехт учествувал на Гран при Присниц Спа со белгискиот состав. Тука успеал да го освои последниот круг, со завршница на калдрмата во Јесеник, со водство од неколку секунди.[9]
На почетокот на 2017 година, ја освоил трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години поразувајќи ги другите тројца членови на бегството во спринт.[10] Подоцна, истата година завршил петти на трката Флеш Арденес, втор во завршниот пласман на Ронд де л’Изар, осми на Трката Јура, освоил етапа и завршниот пласман на Гран при Присниц Спа и завршил втор во генералните пласмани на Тур де Савоја Мон-Блан, Џиро дела Вале д’Аоста и Тур де л’Авенир.[11]
Во 2018 година, Ламбрехт станал професионалец со Лото-Судал.[12] Во 2019 година го забележал неговиот најголем резултат како професионалец, завршувајќи четврти на Флеш Валон. Во април истата година, потпишал двегодишен договор со Лото-Судал.[5]
Ламбрехт паднал во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019.[13] Причината за падот е непозната и немало вклученост на други возачи.[14] Бил однесен во болница во Рибник со амбулантно возило, но починал при операцијата.[4] Од почит кон Ламбрехт, четвртата етапа на трката била неутрализирана, дозволувајќи им на возачите да му оддадат чест.[15] Останатите членови на екипата Лото-Судал ја предводеле главната група во првиот дел на трката до 48. километар, каде Ламбрехт паднал претходниот ден, каде групата застанала и бил одржан молк.[16] На 7 август 2019 година, докторот на екипата Лото-Судал, Мартен Мејрхеге, изјавил во изјава за печатот дека смртта на Ламбрехт била предизвика од „големо кинење на неговиот црн дроб што предизвикало внатрешно крвавење и срцев удар“.[14]
Ламбрехт бил погребан на 13 август 2019 година во црквата во неговиот роден град Кнеселаре. Стотици присуствувале на погрегот, вклучувајќи многумина поранешни колеги од Лото-Судал, а некои од нив го носеле ковчегот до црквата.[17] На 11 август била одржана една минута молк пред Европското друмско првенство 2019 во чест на Ламбрехт.[18] На 25 август била одржана уште една минута молк пред втората етапа на Вуелта а Еспања, прва голема трка на која Ламбрехт требало да настапи.[19][20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.