Букурешт
главен град на Романија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Букурешт (романски: București) — културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата, на 44°25’57’’ северно и на 26°06’14’’ источно, и лежи на бреговите на реката Дунав. Првпат бил документиран во 1459 година. Од тогаш, тој поминал низ многу промени, и во 1862 година станал главниот град на Романија. Полека но сигурно, тој ја зацврстуваше својата позиција како романскиот центар на културата, уметностите и медиумите. Неговата еклектична архитектура е мешавина од неокласицизам, меѓувоена,комунистичка и модерна. Во периодот помеѓу двете Светски војни, елегантната архитектура на градот и софистицираноста на елитата му го донела прекарот ,,малиот Париз на Истокот” (Micul Paris). Иако многу зданија и региони во историскиот центар беа уништени во војната, заедно со бројните земјотреси и програмата на Николае Чаушеску за систематизација, многу од нив и преживеаа. Во последниве години градот доживува економски и културен бум. Според проценките од 1 јануари 2009, Букурешт има население од 1,944,367 жители. Населеното подрачје се протега и надвор од границите на Букурешт, и заедно имаат население од 2 милиони жители. Додавајќи ги и околните градови во близина на урбанизираната средина, целокупната градска популација изнесува 2.15 милиони луѓе. Спред неофицијални податоци, населението изнесува повеќе од 3 милиони жители. Букурешт е шестиот по ред најголем град во Европската Унија. Економски, Букурешт е најпросперитетниот град во Романија, и еден од главните индустриски и транспортни центри во Источна Европа. Градот поседува голем број на образовни,културни, шопинг и рекреационални установи. Вистинското административно име на градот е Општина Букурешт (Municipiul Bucureşti) и се наоѓа на исто административно ниво, како и покраина, која е поделена на шест сектори.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Букурешт București | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
Од горе, лево кон десно: Центарот на Букурешт • Романски Атенеум • Стариот град • Палата на парламентот • Фонтани | |||
Држава | Романија | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Никушор Дан | ||
Површина[1][2] | |||
• Главен град | 228 км2 (88 ми2) | ||
• Метро | 1,811 км2 (0,699 ми2) | ||
Надм. вис. | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“}}55,8–91,5 м | ||
Население (попис 2011)[3] | |||
• Главен град | 1,883,425 | ||
• проц. од (1 јули 2020) | 2,155,240[4] | ||
• Густина | 8,026/км2 (20,79/ми2) | ||
• Метро | 2,315,173 (Букурешт-Илфов)[4] | ||
Час. појас | EET (UTC+02:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+03:00) | ||
БДП (номинален) | 2021[5] | ||
- Вкупен | €53.9 милијарди (23.7% од романскот) | ||
- По глава на жител | €29,562[6] | ||
ИЧР (2018) | 0.917[7] – многу висок | ||
Мреж. место | pmb.ro |