From Wikipedia, the free encyclopedia
Бронза[1][2] или туч[3][4] — назив за голем број легури на бакарот, најчесто со калај, но и со други елементи како што се фосфор, манган, алуминиум и силициум. За исклучок се смета легурата со цинк која обично се нарекува месинг. Пред да биде откриено железото бронзата била најважна суровина за изработка на орудија, па според неа и бронзеното доба го добило своето име.
Еден долг период од развојот на цивилизацијата е наречен Бронзена ера во која каменот бил заменет со предмети од бронза. Тешко е да се каже кога почнала а кога завршила Бронзената ера која, најверојатно, се појавила во различно време во одделни делови од светот. Во Средоземјето, бронзата започнала да се употребува најмалку 3 000 години п.н.е. Сè уште не е јасно како луѓето ги откриле предности на бронзата во однос на бакарот, но се претпоставува дека до тоа дошло случајно. На почетокот, бронзата се произведувала во ограничени количества поради реткоста на каситеритот (оксидна руда на калајот). Поради поголемата раширеност на минералите на арсенот, во некои подрачја, на пример во Египет, бронзата била најчесто легура на бакар и арсен. Се претпоставува дека рудници за калај имало во Мала Азија, но со мало производство, а набргу тие рудници биле исцрпени, па калајот се увезувал од Британија. Со појавата на Железната ера, бронзата била истисната од употреба, иако таа се користела и понатаму за добивање на одредени производи, како што се камбаните.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.