Бришач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бришач[1] — механички уред што отстранува дожд, снег, вода и останати остатоци од ветробранот. Речиси сите моторни возила, вклучувајќи автомобили, возови, автобуси, одредени авиони и чамци, се опремени со бришачи на ветробранот, оваа опрема вообичаено е законски задолжителна.
Тие најчесто се управувани од контролна рачка на управувачот, а кај полуксузните возила се вклучуваат од сетилник за дожд.[2]
Според производителите бришачот има животен век од 500.000 циклуси, што одговара на една година користење (ова времетраење на абење ги зема предвид не само бројот на циклуси, туку и годишните температурни промени што ги ослабуваат метлиците).[3]
Најчести се напоредните (паралелните) бришачи. За да се подобри аеродинамиката на возилото, бришачите на ветробранот се прикачени на возилото под работ на хаубата и затоа се едвај видливи кога не се вклучени. Бришачите со спротивно движење нудат некои производители, како на пример кај моделот VW Sharan.
Еден бришач е погоден за помали возила кои имаат мала површина на ветробранот. Кај автобусите се користат напоредни бришачи. Тројни напоредни бришачи се погодни за големи површини на ветробранот, на пример на тешки товарни возила.