Британски прекуморски територии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Британски прекуморски територии (англиски: British Overseas Territories) — четиринаесет територии на Обединетото Кралство кои се под негова управа, иако не се составен дел од кралството.[1] Тие се остатоци од Британската Империја кои немаат стекнато независност или изгласале да останат територии на Британија. Поимот „прекуморски територии“ е воведен во 2002, како замена за претходниот поим британска зависна територија (British Dependent Territory), воведен во 1981. Сè до 1981, териториите се нарекувале „Крунски колонии“ (Crown colonies).
Британски прекуморски територии |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)
|
Освен Британската Антарктичка Територија (има само истражни станици) и областите Акротири и Декелија на Кипар и Британската Индоокеанска Територија (воени бази), сите прекуморски територии се постојано населени. Вкупната површина на териториите приближно изнесува 1 727 570 км2 (од кои 1 700 000 км2 отпаѓаат на Британската Антарктичка Територија), а населението брои вкупно 260 000 жители.[2][3]
Териториите Гернзи, Ман и Џерси исто така се под Британија, но имаат поинаков уставен однос со Обединетото Кралство како „крунски поседи“ (Crown Dependencies).[4][5] Британските прекуморски територии се целина независна од Комонвелтот, кој е доброволно здружение на земји кои имаат историски врски со Британската Империја.