Бостон Селтикс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бостон Селтикс (англиски: Boston Celtics) е кошаркарски клуб од Бостон кој настапува во НБА лигата, во Атлантската дивизија. Домашен терен на Селтикс е „ТД Бенкнорт Центар“ во Бостон, Масачусетс. Селтикс се најуспешниот тим/организација во НБА лигата со 17 освоени титули.[1] Второто место го заземаат Лос Анџелес Лејкерс со 16.
Бостон Селтикс | ||||||
Конференција | Источна Конференција | |||||
Дивизија | Атлантска дивизија | |||||
Основан | 1946 | |||||
Историја | Бостон Селтикс (1946–сегашност) | |||||
Арена | ТД Банкнорт Гарден | |||||
Град | Бостон, Масачусетс | |||||
Тимски бои | Сетлик зелена, Бела, Црна, Златна | |||||
Сопственик/ци | Виклиф „Вик“ Грузберг Стефан Паљука Ирвинг Грузберг | |||||
Генерален менаџер | Дени Ејнџ | |||||
Тренер | Име Удока | |||||
Шампиони | 17 (1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986, 2008) | |||||
Конференциски титули | 21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1985, 1986, 1987, 2008, 2010) | |||||
Дивизиски титули | 21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1980, 1981, 1982, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1991, 1992, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012) | |||||
Пензионирани броеви | 21 (00, 1, 2, 3, 6, 10, 14, 15, 16, 17, 18, LOSCY, 19, 21, 22, 23, 24, 25, , 31, 32, 33, 35, MIC) | |||||
Мрежно место | celtics.com | |||||
|
Селтикс се основани во 1949 и после една сезона во Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА), настапуваат 59 години во НБА лигата. Предводени од легендарниот тренер Ред Оербах, првата титула ја освоија во 1957. Од 1959 до 1969, во тек беше првата династија на Селтикси, и со легендарни играчина чело со Бил Расел, освоија 11 титули во 13-те сезони што Расел ги одиграл. Втората династија беше во 80-те, со играчи како Лери Брд, Кевин Мекхјел и Роберт Париш, освоија титули во 1981, 1984 и 1986, во луто соперништво со Лејкерси предводени од Меџик Џонсон.[2] Двете династии беа поврзани со млад тим, предводен од Дејв Кавенс, кои освоија титули во 1974 и 1976.
Во НБА сезоната 2007/08, Селтикс ја вратија титулата во Бостон после 22 години. Тој преоден рок во тимот била доведена „големата тројка“ сочинета од Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет. Во почетната петорка играле уште Кендрик Перкинс и Рејџон Рондо, кој подоцна прераснал во најголема ѕвезда на екипата. Во НБА финалето 2008 ги победиле лутите соперници ЛА Лејкерс со резултат 4-2. Во сезоната 2009/10 овие два тима повторно играле во финалето, но овој пат Лејкерс славеле со 4-3 во последната серијата.