Босилек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.
Босилек | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Босилек |
Вид: | Сладок босилек |
Научен назив | |
Ocimum basilicum L. | |
Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.
Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.